Мислам дека говорењето на новата претседателка претставува всушност прецизна примена на Преспанскиот договор.

На Кабинетот на вилата Водно се уште стои „Република Македонија“ и веројатно така ќе остане. Во заклетвата што ја пишува спикерот, стои Република Македонија. Но, во документите што ќе ги потпишува претседателката ќе стои Република Cеверна Македонија. Ова го велам како поддржувач на Преспанскиот договор, но сум против екстензивната употреба што прво ја спроведе Заев, па ја продолжи Ковачевски, вели новинарот Бранко Героски во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Луѓето мора да научат што значи официјална употреба на име. Кога ќе гојде Грк во Македонија и ќе рече Грција тоа не е официјално име туку официјално е Хеленска Република. Кога името се применува во документи тогаш се користи официјалното име. Мене на граница ако ме прашаат од каде сум, јас ќе речам од Cеверна Македонија, вели Героски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.