Од Мајкл Мартенс, Виена
Франкфуртер алгемајне цајтунг,
18 октомври 2023 година
Луѓето во Cеверна Македонија се навикнати на фактот дека корупцијата е постојано зло во нивната земја. Но, она што скопскиот неделник „Фокус“ го откри во две опсежни извештаи во август беше скандалозно дури и за стандарди кои важат во државата. Според откритијата на магазинот, кои сега ги истражува судството, од најважната клиника за онкологија во земјава во Скопје очигледно систематски биле крадени скапи лекови за рак и биле продавани на црниот пазар. За таа цел биле измислени фиктивни пациенти преку кои се наплаќало лекувањето. Вистинските пациенти на државната клиника делумно се лекуваа со плацебо, а многумина умреа. Во други случаи, семејствата морале да купуваат лекови на црниот пазар иако според осигурителниот надоместок и планот за лекување би требало да се бесплатни за нив.
Засега официјално пред се е осомничена медицинска сестра, каја ги прошверцувала медикаментите од болница. Но, таа не можела сама да делува. Сега земјата се прашува до каде нагоре стигнал синџирот на соучесници, макар и само преку информираност. Во времето кога се вели дека се случила гнасната измама, министерот за здравство бил близок политички доверлив човек на поранешниот премиер Зоран Заев, социјалдемократ кој во меѓувреме ја напушти политичката сцена и делува од позадина. Министерот за здравство поднесе оставка заедно со Заев – пред јавно да се дознае за наводната измама.
Најновите откритија во Cеверна Македонија веројатно ќе го засилат трендот што веќе беше забележан претходно: оние кои треба да поминат важна медицинска процедура, би посегнале дури и кон своите последни заштеди или кредит за да се лекуваат во странство, отколку да го сторат тоа во домашниот здравствен систем. Не е невообичаено што медиумите, а не судството, ги собираа доказите за последниот скандал. На Балканот, критичкото новинарство се повеќе делува како замена или двигател на судството кое не сака или не е способно да ја казни корупцијата. Сè уште не е сигурно дали откритијата на неделникот се цврсти за пред суд. И тогаш не е сигурно дали ќе има обвиненија и пред се осуди во завршна инстанца, бидејќи политичкото влијание е силно во македонското судство.
Освен овој конкретен случај, генерално може да се каже: дека ветувањето во 2017 година на македонските социјалдемократи кога ја презедоа власта дека ќе преземат решителна акција против корупцијата не се одржа. Во тоа време имаше чувство на оптимизам.
Заев вети дека ќе го расчисти корумпираното наследство на Груевски, кој побегна. Сепак, тешко дека ќе најдете луѓе во Cеверна Македонија кои сметаат дека ова ветување е исполнето. Социјалдемократите, кои оттогаш се на власт, и нивниот коалициски партнер, кој е поддржан од албанското население во земјата, се преставуваат „проевропски“ и наводно ја потчинуваат својата политика целосно на целта за членство во ЕУ.
Ова се случи неодамна во септември, кога владиното мнозинство истурка законски измени во парламентот со кои се намалија казните за злоупотреба на службената положба и се скратија роковите на застареност. Сомнителните измени беа досени преку итна постапка во парламентот затоа што тие биле наводно неопходни за приближување на земјата кон ЕУ. Претседателот Стево Пендаровски можеше да стави вето на законот, но веднаш ги потпиша законите.
ЕУ се спротивстави да биде користена од Владата и претседателот во Македонија како изговор за домашни политички махинации кои претставуваат чекор наназад во борбата против корупцијата. Портпаролката на Комисијата рече дека тие се „загрижени“ за влијанието на последните одлуки врз борбата против корупцијата, критикувајќи ги не само намалените казни, туку и скратениот рок на застареност, што влијае на многу тековни постапки. Портпаролката го критикуваше и фактот што законите се донесени набрзина без сеопфатна консултација и координација со ЕУ, повикувајќи се наводно поради потреба од усогласување со европските стандарди.
Корупција во име на ЕУ – вака би можела да се сумира политиката на македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неговиот тим. Поранешниот шеф на македонската дипломатија Никола Димитров, истакнува:
“Сегашната влада го вее европското знаме за да го стори истото“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.