Универзитетскиот професор и поранешен потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев, во гостување на ТВ21 ја коментираше темата околу распределбата на парите од кредитот од Унгарија за општините, и посебно тоа што Владата не додели пари за ниту еден проект на Град Скопје, кој е меѓу само четири локални самоуправи што годинава нема да добијат дел од 65 милиони евра.
Георгиев вели дека е исправна одлуката да не се финансираат проекти во Град Скопје.
„Јас денар не би му дал на Град Скопје и на оваа градоначалничка. Затоа што ситуацијата во градот е очајна, и не верувам дека ќе се поправи. Дури парите би ги тргнал на страна и би чекал следни избори и би му ги дал нја следниот градоначалник“, рече Георгиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.