Не се водат тајни разговори со Македонија, категорично изјави министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска цитирана од „24 часа“.
„Не знам што кажа госпоѓица Бориславова, нека има довербата на МНР во однос на политиката што ја водиме“, рече министерката денеска.
„Последните експертски разговори беа на 11 февруари, нема конкретни резултати. Не е постигнат напредок како основа за следната рунда консултации. Веќе мислиме дека е дојдено време да се намали тензијата меѓу двете министерства, формално да се посети Македонија за да се сретнеме со нивниот експертски тим“, рече Генчовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.