Претседателот на Собранието Африм Гаши, кој е во Вашингтон по повод активностите на Парламентарното собрание на НАТО, во интервју за „Гласот на Америка“ рече дека нема промена на ставот од страна на САД околу уставните измени.
Пораките од САД ги слушаме долго време. Нема промени во односот кон нашите партнер. САД остануваат наш силен стратешки партнер, и новата влада уште повеќе ќе го продлабочи партнерството. Наша обврска и предизвик е да ги спроведеме уставните измени, но кога ќе дојде време, односно кога ќе се гарантира идентитетот, културниот, етничкиот и јазичниот идентитет на прво место на Македонците, но и на сите граѓани на државата – изјави Гаши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.