Кај албанскиот политички кампус, на избори Албанците ќе имаат две опции. Третата опција ќе биде толку неважна што нема да добие ниту еден пратеник. Овие се ставовите на лидерот на ААА, Африм Гаши, прашан за тоа како ќе изгледаат изборните листи на изборите на 8 мај. Според него, главната трка ќе биде меѓу ДУИ и ВРЕДИ.
„Сметам дека на овие избори Албанците ќе имаат многу јасна ситуација, никогаш претходно не било толку јасно“, рече Гаши.
ТВ21: Засега се уште имаме две листи, два кампуси. Верувам дека ќе останат два г. Села, г. Реџепи, г. Хоџа…
Гаши: Не сум сигурен сега што ќе направат. Политичката интуиција ми кажува дека ќе имаме две листи. И доколку излезе некој, ќе биде толку неважен што нема да добие ниту еден пратеник. Пратениците ќе бидат поделени на кампусот на ДУИ и ВРЕДИ.
Гаши е убеден дека ќе добијат над 20 пратеници и за тоа упатува апел за поддршка од граѓаните, бидејќи, како што вели, овие бројки ќе бидат потребни за да се има моќ на масата за преговори, независно кој ќе победи во македонскиот кампус.
-Само знам дека ќе биде доста голема разлика.
-Колку пратеници повеќе?
-Минимум 5-6 пратеници ќе биде разликата, минимум, минимум.
-Математиката што ја кажавте, минимум 5, му доаѓа 17, што математички треба да бидат 13, за да биде разликата 4. 17 со 13.
-Повеќе, повеќе.
-Повеќе? Ќе биде интересно.
-Со бројот на пратеници ќе имаме над 20 пратеници.
Гаши упати апел до лидерот на ДУИ, Али Ахмети да се повлече од политиката, и да им подаде рака на на опозициските партии кои се обединети, и да им каже:
алал да ви е. Но според Гаши, Ахмети ја нема таа храброст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.