Новоизбраниот претседател на Собранието, Африм  Гаши, во денешното интервју за РСЕ категорично отфрла вина дека прекршил одреден пропис со тоа што свечената заклетва ја дал прво на албански јазик.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска поднесе преставка до инспекциските служби во нејзиното министерство, сметајќи дека со тоа е прекршен законскиот акт за заштита на македонскиот јазик.

– Тоа се работи само од технички аспект, јас ја прочитав заклетвата на двата јазици. Тоа е од технички причини. Сигурно не било намерно. И да било, тоа е работа на Собранието. Без разлика, јас мислам дека не треба да обрнуваме внимание на такви работи, но и демократско право е на секој пратеник и граѓанин да реагира ако мисли дека некое право е прекршено, рече Гаши.

Тој додаде дека оставката како претседател на Алтернатива ја поднел со цел целосно да се посвети како спикер и дека прва работа на новото владеачко мнозинство ќе биде да најде двотретинско мнозинство за реорганизација на државната управа, односно за уставни измени со кои ќе се воведат нови министерства и ќе се променат надлежностите на некои од актуелните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.