Претседателот на македонскиот Парламент, Африм Гаши, за време на престојот во Тирана оствари средба и со шефот на албанската држава Бајрам Бегај.

Во кусата објава на Фејсбук Бегај напиша дека чувствува посебно задоволство што го пречекува Гаши.

Задоволство што денеска се сретнав со претседателот на Собранието на Република Македонија. Добре дојде во твојот дом Африм, напиша Бегај.

Во своја објава, пак, Гаши наведува дека ги потврдиле „одличните односи меѓу двете држави и силната врска меѓу нашите народи“.

Разговаравме за можностите за соработка и взаемна поддршка за постигнувањето на стратешките цели за интеграција во ЕУ. При оваа прилика, лично му честитав за успехот на Албанија во отворањето на првата група поглавја во преговорите за членство во ЕУ. Нагласив дека Македонија останува решена и посветена на надминување на пречките за суштинско отворање на поглавјата за интеграција во ЕУ, наведува Гаши.

Тој додава дека се согласиле и оти соработката со Албанија и со земјите од регионот е од клучно значење за напредокот во овој процес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.