Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска, денеска поднесе неотповиклива оставка до Управниот одбор (УО) на Академијата. По стопирањето на тестовите за 130 места за последната, најголема генерација на Академијата, според Габер-Дамјановска остварено преку политичко влијание и со помош на контроверзна одлука на Управниот суд, таа смета дека повеќе нешто не ја врзува за функцијата директорка.

„Ќе нема тестирања, а јас ќе седам така? Сигурно дека нема“, рече таа за САКАМДАКАЖАМ.МК по информацијата од УО дека попладнево поднела неотповиклива оставка.

Габер-Дамјановска, која на 9 декември 2022 беше реизбрана на функцијата со мандат од 4 години, во обраќањето до членовите на Одборот, многу јасно образложува зошто се повлекува



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.