Односот на ПР шефовите на Владините институции кон новинарите и снимателите е катастрофален, напиша на својот фејсбук профил новинарот Фуркан Салиу.

Ова да се случеше само еднаш, ќе поминеше со извинување, но некој што зима плата од мој данок да се однесува како шеф во јавна институција е тотално недозволиво.

Спуштањето на камерите е само мал гест за да ви кажеме гласно и јасно дека нема да се толерира вакво однесување! Знаеме кај бевме до 2016, не сакаме и нема да дозволиме повторно да се вратиме таму.

Ако не сакате да има слободни медиуми, донесете закон и укинете ги. Снимајте се сами, и објавувајте по социјални мрежи. Се додека не се донесе тој закон, ние сме тука за да гласно и јасно го пренесеме тоа што го мисли обичниот граѓанин. Гласно со или без микрофон, одблиску и оддалеку, ќе се прашува за теми кои се од јавен интерес, а не за теми кои вие ги бирате.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.