Траги од фрлени јајца сè уште беа пред една од куќите во кои престојуваат припадници на еврејската група кои од четврток се наоѓаат во Куманово, пренесува „Телма“. Според сведоштвата од соседите за телевизијата, синоќа поголема група млади се собрала пред куќата и викале кон дојденците, а фрлале и со јајца и камења кон објекетот. Дури била искорната и влезната метална порта, која денеска е повторно заварена.

Еден од припадниците на оваа еврејска религиозна група ја отвори вратата на куќата и поразговара со новинарката на „Телма“.

Сакаме да се чувствуваме безбедно, но во овој момент не знам како да чувствувам безбедно бидејќи луѓето доаѓаат тука и… Јас разбирам да не нè сакаат, ама да доаѓаат тука и да фрлаат тука по куќата. Тоа е…, вели припадникот на групата Лев Таор, контроверзна еврејска религиозна група чии припадници постојано се селат од една во друга држава.

Во Куманово дојдоа од Босна, а сместени се во две куќи, во една се мажите, во друга се жените и децата.

Од полицијата во Куманово велат дека нападите со јајца и камења како и оштетување на приватен имот не се пријавени.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.