Портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната прес-конференција, информираа за донесените одлуки и заклучоци од 40-тата седница на Владата и одговараа на прашања од интерес на јавноста и медиумите.

На медиумскиот интерес за податоците изнесени во извештајот на „Фридом Хаус“, беше нагласено дека овој извештај се однесува на подолг период, односно опфаќа и дел од периодот пред 2017 година, пред формирањето на Владата предводена од СДСМ, кога бевме сведоци дека има сериозни назадувања во политичките процеси, предавањето на власта и справувањето со корупцијата.

Во изминатите пет години, како што подвлекоа портпаролите, Владата успеа да ја врати слободата во општеството, вербата во институциите и продолжува да гради слободно и демократско општество во кое на прво место се почитувањето и заштитата на правата на секој граѓанин. Тоа, како што подвлекоа, се гледа и од подобрениот рејтинг на владеењето кој според извештајот е зголемен од 2,25 на 2,5.

Дополнително, Република Македонија е посочена како земја која го има задржано либерално демократскиот развој во 2021 година, и дека останува доследна на целта за постигнување уште подобри резултати во однос на градење општество во кое се почитуваат граѓанските вредности, права и слободи.

Македонија и годинава е хибриден режим. На оваа позиција според „Фридом хаус“ земјава е од 2013 година. Во најновиот извештај „Нации во транзиција“ на „Фридом хаус“ на скала од еден до седум, генералната оценка за земјава е иста како и ланската и изнесува, 3,82. За демократско вледеење земјава има оценка од 3,5, за изборен процес 4,25, за граѓанско општество 5,25, за независни медиуми и судство оценката е иста – 3,25, додека оценката за корупција изнесува 3.

Оваа година, за првпат во 21. век, форма на управување што преовладува во регионот на нации во транзиција е хибриден режим. Четири демократии паднаа во оваа сива зона откако непрекинатиот период на демократски пад започна во 2004 година: Унгарија, Црна Гора, Македонија и Србија. Во истиот период три авторитарни режими направија демократски чекори и се приклучија во редот на хибридни режими: Молдавија, Косово и сега Ерменија“, наведуваат од Фридом Хаус.

Во извештајот е наведено иако овие земји можат да имаат демократски избори, сепак нефукнционалните институции не се во состојба да ги испорачаат демократија, како што се проверките, балансот, владеењето на правото и цврстата заштита на правата и слободите.

„Фрудом хаус“ нотира и дека кризата дава можност да се преиспита процесот за пристапување во Европската Унија.

Блокот треба конечно да ги започне пристапните преговори со Албанија и Македонија, притискајќи ја Бугарија да се откаже од приговорите за кандидатурата на втората земја. ЕУ, исто така, треба да го забрза разгледувањето на апликациите за членство поднесени од Грузија, Молдавија и Украина…, нотира Фридом Хаус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.