Владата вчера препорачала разрешување на Јани Макрадули од претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Пошта на Македонија“ заради подобрување на состојбите во компанијата, одговори денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

Владата му препорача на Надзорниот одбор да го разреши Јани Макрадули заради подобрување на состојбите во компанијата и јакнење на капацитетите на менаџментот, рече Арсовски.

На прашање дали разрешувањето е поврзано со случајот со поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој е осомничен бидејќи без јавна набавка склучил договор за консултантски услуги за изработка на физибилити студија за „Пошта“, Арсовски само го повтори истиот одговор за причините и препораката на Владата Надзорниот одбор да го разреши Макрадули.

На местото на Макрадули Владата предложи Надзорниот одбор да го избере Васко Стефанов, кој досега беше заменик-директор на Агенцијата за вработување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.