Поради финансиски малверзации и непостапување по добиени насоки од страна на МНР, Љубомир Фрчковски од ОН во Њујорк доаѓа на консултации дознава Канал 5. Според нивни извори големи се шансите тој да биде отповикан од позицијата амбасадор.
Според „Канал 5“ причината за неговото враќање е конзистентно непостапување по насоките кои во изминатиот период ги добивал од македонското МНР, запуштеност во работењето, нотирана финансиски недисциплина како и трошење на средства спротивно на правилниците за работа на дипломатско конзуларните претставништва. Актот за неговото повикување на консултации треба да биде потпишан во текот на денешниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.