Амбасадорот во ОН Љубомир Фрчкоски демантира дека ја злоупотребил службена картичка за авионски карти кон Македонија.
Тој во реакцијата до медиумите тврди дека имал итна медицинска интервенција во Македонија и бил на погребот на својот починат брат. Овие настани го приморале привремено да искористи пари од мисијата за авио билет, кои секако деновиве ги надомести од свои приватни средства.
Не е никаков проблем амбасадорот да се повлече од функцијата кога не е „погоден“ на идеологијата на новите власти. И тоа е спремен да го направи. Амбасадорот, потврдува мисијата, моментално е на боледување по кое ќе се повлече од функцијата, за што МНР нема потреба да измеќарува – вели Фрчкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.