Честитка од Франција по повод 8 Септември – Денот на независноста.
– Амбасадорот учествуваше на свеченостите по повод 33-годишнината од независноста, со кои претседаваше Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Многу повеќе од обична прослава, овој ден го симболизира патот што го помина и предизвиците што ги надмина Македонија во овие 33 години. Среќен Ден на независноста!, објави на својот Фејсбук профил француската амбасада во Скопје.
Постојното претставништво на Франција во НАТО, исто така, упати честитки по повод Денот на независтноста.
– Среќен роденден на нашите сојузници во Македонија, објави на платформата Х, постојното претставништво на Франција во НАТО, споделувајќи видео честитка од Здружената команда на сојузничките сили на НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.