Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ испратила 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина, информираше на својот Фејсбук-профил поранешниот премиер, Зоран Заев.
Помошта ја доставивме во координација со Горениук Олександр, пратеник во Парламентот на Украина. Помошта пристигна во Одеса, стратешка позиција на демократска Украина, но и град од каде нашиот Крсте Петков Мисирков дејствуваше за македонските работи – пишува Заев.
Тој вели дека поддршката на независноста и суверенитетот на Украина и осудата на руската воена инвазија е јасна позиција на државата како припадник на западниот, демократски и мирољубив свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.