Претседателката на Европската комисија Урсула фон Дер Лајен на македонските граѓани не им вети членство во ЕУ до 20230 година туку дека сега се отворил некаков „прозорец од можности“. Затоа ни порача да го  искористиме овој момент.

Сакаме Западен Балкан да се приклучи кон ЕУ, а за тоа вие треба да се подготвите и ние треба да се подготвиме. Добро е што сега започна конкретна дискусија во ЕУ што треба ние да направиме за да бидеме подготвени, кои се прашањата што се отворени, кои се одговорите што треба да ги дадеме. Ова не беше случај во текот на минатиот мандат. Нешто значително се промени во овој мандат и работите стануваат конкретни. И затоа, мојата молба и охрабрување за движење напред во различните држави од Западен Балкан затоа што ова навистина е прозорец на можности што сега е отворен. Овој процес не е толку строг. Тој се заснова на заслуги и никој не мора да чека одреден датум. Може да бидете и побрзи. Колку е подобар процесот на реформи толку побрзо ќе дојде можноста за пристапување и тоа е навистина важно. Има прозор на можности што е отворен и ајде заедно да го искористиме овој момент, нагласи Фон дер Лајен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.