Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен вчера беше пречекана со високи државни почести. Премиерот Ковачевски ја пречека пред Владата и во нејзина чест беше распослан црвен тепих. Кога згазија на него Таче и Урсула тие што беа близу не може да не видат дека тој е раскинат и му фалат делчиња.
Народски кажано како да го гризеле глувци. На толку потрошени пари за глупости можеле да купат нов тепих за да не се резилат пред високиот гостин.
Еден од коментарите на Твитер е „На толку украдени милиони тепихот уште од ВМРО го користат, во ЕУ ќе не носеле.
На толку милиони украдени #тепихот уште од вмро го користат, во ЕУ ќе не носеле…😂😂😂😂❗️❗️ pic.twitter.com/YjNXAs13ud
— КајМакамот (@KajMakamot) October 31, 2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.