Владејачката ДУИ на чело со Али Ахмети го зголемила партискиот недвижен имот со деловно-административна зграда лоцирана во центарот на Тетово, во кругот на „Телеком“, пишува најновиот број на неделникот Фокус.

Според податоците што ги обезбедивме, станува збор за објект со приземје и 3 ката, чиј габарит изнесува 452 квадратни метри, а внатрешната површина 1.423 квадратни метри.

Имено, ДУИ го поседува објектот на катастарска парцела 2061/3 преку имотен лист 38220, додека земјиштето се уште се води во сопственост на државата преку имотен лист 38219.

Како што ни изјави Бејтула Адеми, прв човек на финансискиот оддел на ДУИ, за да го купат овој објект подигнале банкарски кредит од околу 900.000 евра, со период на враќање од 7 години.

Во однос на прашањето за каква намена партијата планира да го користи објектот, на кој можеше да се види табла од младината на ДУИ и плакати од партискиот лидер, Адеми одговори дека тоа не спаѓа во делот на неговите обврски и надлежности.

Затоа, истото прашање го поставивме и до Артан Груби, шеф на кабинет на Ахмети, но досега не добивме никаков одговор.

Повеќе од текстот на следниот ЛИНК



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.