Не се знае кога ќе продолжи собраниската седница на која ќе се дискутира Предлогот за промена на Уставот, откако вчера „сите знаеме како“ избраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, ја прекина без да остави простор демократски да се дискутираат причините зошто да или зошто не би требало да се чепка во македонскиот Устав.
Кај него фобијата е јасна, нема пак да му помине изборот во ходник се недоволно кренати раце.
За да бидеме на нивото на денешната седница, во европски манири, ако има доволен број пратеници, гледам дека има, предлогот да го ставиме на гласање за да знаеме на што сме. Затоа тука сме да не не обвините дека блокираме, во сала сме. Ќе ни дозволите да се произнесеме, согласно нашите уверувања, во духот на демократијата и ќе ни дозволите да гласаме и да ги видиме резултатите од гласањето, рече вчера координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Николче Мицевски, но неговата желба не беше услушана.
На прес-конференцијата што следеше по седницата, „сите знаеме како“ (не)избраниот премиер Димитар Ковачевски, убедуваше дека консензусот ни е пред врата и дека амандманите ќе се усвојат и уставните измени ќе се изгласаат. За тоа дека само 70 пратеници гласаа за усвојување на дневниот ред и дека едниот пратеник не му беше тука, а на другиот по грешка му се лизна прстето, уверуваше дека ќе го промени, ама не на избори, зошто убеден бил дека 80% од граѓаните сакаат во Европска Унија.
Не ги спомена оние 80% што се против нивното „по секоја цена“.
Јасна е и неговата фобија, никогаш не се нашол на листа, ни некој го изгласал, па може дури и на оние најтврдокорните демократи прстето да им се лизне.
Оној „сите знаеме како“ едвај избраниот, пак, е фрапиран што опозицијата имала м*да да се спротиствави на така моќната Франција и нејзиниот предлог да го нарекува „бугарски диктат“.
Во неговото вчерашно гостување на „Сител“, претседателот Стево Пендаровски прашува каква алтернатива нуди опозицијата, ако веќе не сака да гласа за овој предлог.
Опозицијата со денешното гласање против уште при утврдувањето на дневниот ред потврдува дека пропаднал во Македонија концептот на ЕУ. Што друго е понудено од опозицијата како алтернатива? Движење на неврзаните? Неутралност? Тоа е срамно и погубно да се каже од која било политичка структура. Тие требаа да кажат пропадна ова што вие го предлагате, ние мислиме – вака треба да биде. Што предлагаат тие наместо ова што денеска пропаднало? Која е алтернативата? Да дојдеш прво на власт па пак ќе правиш две третини, со кого? Пак со мене, со тебе, со истите луѓе? Со истите политички структури? Несериозно е. Ако пропадна денеска ЕУ, прашувам – дали се враќаме на старата дебата од 1991 – 1992 година кога велиме на каде ќе одиме, на запад, на исток? Денеска имаше и такви дебати – запад или исток. Кој е истокот, Руската Федерација? И понатаму тврдам, дека ова што го имаме на маса и што опозицијата пежоративно и непотребно го нарекува „бугарски диктат“, а се работи за француски предлог и европска рамка, навистина не ми е јасно како се обидуваат да се мајтапат со толку моќна земја на ЕУ, со Франција, и да велат дека тоа не е француски предлог и европска рамка, туку е „бугарски диктат“. Нивниот конпцет е – дајте да дојдеме на власт, па потоа ќе му ја мислиме за двeте тритини. Тоа не е политички концепт, рече Пендаровски во гостувањето на ТВ Сител.
И тој оди контра чистата логика и смета дека избори не се потребни.
Неговата фобија е дека овојпат нема ни да го помислат за кандидат.
Професорката Гордана Силјановска Давкова, како уставен експерт, вчера ја потсети власта дека и да нема избори ова е последната година од нивниот мандат и тие немаат право на промена на Устав, на крајот на краиштата, и затоа што тоа нигде не го ни ветиле.
Сите мој колеги, професори конституционалисти велат дека наметнатите уставни измени не одат рака под рака со европската демократија. ЕУ мора да ги почитува европските вредности. Изборниот законик не се менува во последните шест месеци пред изборите. Ни Уставот не се менува една година пред крајот на мандатот. Од кого ви извира легитимитетот за уставни измени – од ЕУ или од граѓаните. Каде го добивте мандатот за овие измени? Дали го истакнавте ова на последните избори? Според член 2 став 2 од Уставот суверенитетот извира и им припаѓа на граѓаните. Треба ли да ги прашате граѓаните дали се за ваква измена. Колеги, се согласивте на измени, но не сте законодавен орган и не можете да преземате обврски, неповикани да земате туѓи таботи, рече Силјановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.