Вечерва во Клик Плус на ТВ21 поранешен министер за здравство Венко Филипче вели дека младите специјализанти не заслужиле да им биде укинато здравственото осигурување.

– Дозволете да кажам дека прво тоа беше една група на колеги со која јас за време на министерскиот мандат интензивно работев и соработував излегувајќи во пресрет на нивните барања да бидат за прв пат платени за нивната работа. Значи станува збор за специјализанти кои специјализацијата ја плаќаат сами и немаат апсолутно никаков приход ниту пак ќе имаат здравствено осигурување, вели поранешниот министер за здравство Венко Филипче во Клик Плус на ТВ21 и додава дека жали што неговите наследници го укинале здравственото осигурување на оваа група специјализанти и дека тие апсолутно не го заслужуваат тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.