Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник денеска на прес – конференција повторно побара од  актуелниот претседател на СДСМ и поранешен министер за здравство Венко Филипче да одговори како се стекнал со хациенда на Водно  и џип Ауди Q8, а од Државната комисија да го истражи неговиот имот.

-Каде се сокри Филипче или нема одговор како се стекнал со луксузната хациенда на Водно и џип Ауди Q8? Филипче да каже како семејниот имот му се зголемил за луксузна хациенда од 1 милион евра на Водно и како е платена, со кои пари и како се заработени? Филипче да каже како го купил џипот кој го вози или е на друго име и зошто тој некој му го дал да го вози? Со што Филипче задолжил некого толку многу за истиот да му даде на користење луксузен џип Ауди Q8, праша пратеникот Лефков.

Тој од Филипче побара да каже и како неговиот семеен имот, како што вели, се зголемил во милионски износ во време додека тој е на функција или непосредно после тоа.

-Дали милионските тендери во здравството играле улога во зголемувањето на имотот на Филипче? ДКСК да го истражи имотот на Филипче.
Одговорност мора да има, порача Лефков на прес – конференцијата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.