Доктор Венко Филипче, носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, кампањата ја заврши со посета на југоисточна Македонија. За време на посетата оствари средби со многу граѓани на кои им се заблагодари за поддршката во Изборна единица 4.
Филипче им порача на граѓаните на 8 мај да го дадат својот глас за напредок, стабилност и европска иднина на Македонија.
Тој рече дека како иден пратеник заедно со пратеничката група на СДСМ на граѓаните ќе им го олеснат пристапот до законодавниот дом, со отворање на канцеларии каде ќе ги слушаат нивните барања кои ќе се преточат во конкретни политики. Филипче порача дека граѓаните ќе бидат директно вклучени во тие процеси.
Носителот на листата на СДСМ и коалицијата во ИЕ 4, д-р Венко Филипче на граѓаните им вети дека ќе остане достапен за нив како во кампањата и после изборите, а тоа ќе го исполнат и другите пратеници од оваа листа.
Филипче истакна дека СДСМ е партија на граѓаните, а не салонско здружение и затоа секогаш ќе работи и ќе биде меѓу граѓаните
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.