Ако се бара консензуален кандидат како што сум јас, тогаш би прифатил таква понуда.
Ова вечерва го изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи, во интервју за Алсат, на новинарско прашање дали би прифатил да биде претседателски кандидат.

Имам номинација од значителен дел од ограноците во СДСМ. Сега е во тек процес за консултации и тоа треба да заврши со конгресот. Јас имам кажано дека ако се бара консензуален кандидат како што сум јас, тогаш би прифатил таква понуда – изјави Битиќи.

До неодамна, како можен кандидат на СДСМ за шеф на државата, медиумите го спомнуваа и доскорешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

До сега само Левица објави дека нејзин кандидат за претседател на изборите во мај ќе биде универзитетската професорка Билјана Ванковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.