Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денес присуствуваше на презентацијата на пет научно-истражувачки проекти што предвидуваат набавка на опрема за лабораториите на Фармацевтскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. Со над 23 милиони денари Министерството за образование и наука, преку посебен Конкурс, финансиски ја поддржа набавката на опремата и реализацијата на овие проекти.

Повеќе високообразовни и научни установи во изминатите две години добија средства за набавка на современа лабораториска опрема, а дел добија и средства за финансирање на научни проекти од посебен јавен интерес и за сето тоа одвоивме над 240 милиони денари. Ова се средства со кои ја поддржуваме работата на научно – истражувачките работници и го стимулираме развојот на науката“, изјави министерот Шаќири.

На настанот, на кој присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски и ректорката на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Биљана Ангелова, деканот на Факултетот Зоран Стерјев ги запозна и со другите активности на факултетот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.