Денешната објавена содржина за Св. Климент која ќе биде дел од учебниците во Македонија не се совпаѓа со фактите за овој светец кој е еден од најзначајните кај нас.
Св. Климент во 856 година како христијанин го остава световниот живот и оди во манастир.Тоа се случило девет години пред Бугарија да прифати христијанство.
Тој во 863 година Св. Климент веќе бил на христијанска мисија во Моравија а во ️865 година Бугарија го прифаќа христијанство.
Еве што се согласи македонската комисија за Св.Климент
Делото на светите браќа Кирил и Методиј е продолжено од нивните ученици, меѓу кои се истакнува личноста на Св. Климент (околу 830-916). По Великоморавската мисија Св.Климент е прифатен во средновековната бугарска држава. Околу 886 г. е испратен од кнез Борис-Михаил во областа Кутмичевица, каде што како просветител и творец ги положува основите на Охридската книжевна школа. Околу 893 г. по наредба на бугарскиот цар Симеон е ракоположен за Велички епископ. Неговата проповед и богослужба се од големо значење за распространувањето и утврдувањето на христијанската писменост и култура.
Преку преводите на богослужбена литература и химнографските творби што ги создал,
како и благодарение на неговата учителска дејност, се подготвени многубројни ученици. Тоа го прави една од најважните личности за културата на денешните Република Македонија и Република Бугарија.
Сето тоа им дава основа на двете држави да го негуваат споменот за делото на Св.
Климент преку заедничко одбележување при соодветни поводи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.