Евроскептицизмот во Македонија кај граѓаните станува се поприсутен потврдува последното истражување на ЕВРОТИНК, спроведено од 12 до 27 декември 2022 година на 1006 испитаници.
На прашањето „Кога Македонија може да очекува влез во ЕУ“, 29% од граѓаните одговориле никогаш. На истото прашање 12% од граѓаните одговориле дека Македонија во наредните 5 години ќе влезе во ЕУ. А, за период од 5-9 години одговориле 16% од испитаниците. За периодот од 10-14 години имаат одговорено 15% од македонските граѓани, додека пак за периодот од 15-25 години имаат одговорено 14%.
За над 26 години дека Македонија за тој период ќе влезе во ЕУ одговориле 8%. Во периодот од 2017-тата година довербата кај граѓаните дека Македонија ќе влезе во ЕУ за период од 5 години бил 29.59% што е поприлично поголем процент на доверба на граѓаните во политиките на минатата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. И што се бележи пад од 17.59% за периодот од 2017-та година до 2022 година. Политиките на власта минатата година придонеле да се јави евроскептицизмот кај граѓаните и се помалку да веруваат дека државата ќе влезе во ЕУ за 5 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.