Последните изјави на челниците на ЕУ, но и на амбасадорите во земјава покажуваат зошто паѓа поддршката и довербата кај Македонците во Унијата.

Постојаните барања Македонија да прави некакви отстапки, а за возврат да добива едно големо НИШТО, резултираат со тоа граѓаните да не гледаат со благонаклонот кон Брисел. Македонија одамна заслужува да ги почне преговорите за членство, но со постојаните условувања прави кај народот одбивност.

Дека тоа е така покажуваат и истражувањата на реномираниот „Евротинк“. Во анкетата се потврдува дека расте скептицизмот за ЕУ а дека најголемата закана за Македонија е Бугарија. Дека ЕУ е неправедна кон Македонија покажува друга анкета во која се посочува дека Унијата за 12 месеци изгубила 20 проценти  од поддржувачите, односно 360.000 граѓани.

Еден од тие поради кои паѓа довербата кон ЕУ е амбасадорот на Холандија Јан Коп. Оваа земја отворено застанува зад власта на ДУИ и СДСМ, а сосема „случајно“ и премиерот Марк Руте беше во Скопје непосредно пред гласањето за доверба на Владата.

Дека амбасадорот Коп отворено зазема страна можеше да се насети од неговата изјава во јули кога тврдеше дека францускиот предлог не е совршен, но оти треба да го „затнеме носот и да голтнеме“.

Вчера пак тој отиде дотаму што ја посочи ВМРО-ДПМНЕ дека може да го одолжи пристапувањето на Македонија во ЕУ.

Навистина е неразбирливо како еден амбасадор бара контруктивност и соработка од опозицијата кога власта презела обврска која не може да ја исполни, а згора на тоа не ја консултираа ВМРО-ДПМНЕ кога го преговараа францускиот предлог.

Но, очигледно кога си ЕУ и кога си ги имаш СДСМ за власт во Македонија се е дозволено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.