Европскиот фронт го има истиот број на пратеници во Собранието, за други прашања или дилеми ќе се обратите до г. Тачи или до г. Ахмети“, изјави денеска координаторот на пратеничката група на „Европскиот фронт“, Блерим Беџети, одговарајќи на новинарско прашање.
Тие одбегнуваат да ја коментираат информацијата што вчера ја објавија дел од медиумите дека лидерот на ДПА, Мендух Тачи, ја напушта коалицијата. Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт во Собранието, Белирим Беџети, кусо одговори дека го имаат истиот број на пратеници во парламентот.
„Европскиот фронт го има истиот број на пратеници во Собранието, за други прашања или дилеми ќе се обратите до г. Тачи или до г. Ахмети“, рече Беџети.
И портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, за Миа изјави дека пратеничката група е функционална и работи во полн состав.
Прашан зошто Тачи не беше присутен на настанот на коалицијата пред два дена по повод 100 дена од новата влада, насловен „100 дена скандали, потфрлања, омалуважувања“ и дали во изминатиот период имало некакви недоразбирања меѓу Тачи и некој од лидерите на партиите кои го сочинуваат Европскиот фронт, Беџети изјави дека и претходно се случувало некој од претседателите на партиите да отсуствува од активности на Фронтот.
„И на други активности отсуствувал некој од претседателите на политичките партии што го сочинуваат Европскиот фронт. Со ова сакам да кажам и да ве уверувам дека тоа е нормално секој ден со своите обврски, протоколарни средби итн. може да отсуствува на некоја од средбите и тоа никогаш не било тема“, рече Беџети на прес-конференција во Собранието.
Од ДПА за МИА изјавуваат дека во текот на наредните денови ќе излезат со официјално соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.