Амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир денеска на средба во Владата му го предаде Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2022 година, на премиерот Димитар Ковачевски.
На состанокот, на кој се дискутирало за Извештајот и за очекувањата за текот на евроинтеграцискиот процес на државата и нејзината подготвеност, присуствувале и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Премиерот Ковачевски на состанокот изразил благодарност до Европската Унија за препознатиот напредок на земјата во повеќе области и посочил дека ќе следи детална анализа на Извештајот со која ќе се утврдат областите на кои ќе треба поинтензивно да работиме.
Како што се наведува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста, премиерот Ковачевски истакнал дека Македонија останува со силна заложба за спроведување на реформските процеси и целосно усогласување на домашното со европското законодавство.
Ковачевски посочил дека стратешка цел на Владата е земјата да стане полноправна членка на Европската Унија. Овој процес, нагласил Ковачевски, веќе го започнавме летово и очекуваме тој да се финализира до 2030 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.