„Граѓаните се здружуваат во Здружението, заради промоција на животот, идеологијата, РЕХАБИЛИТИРАЊЕ и осветлување на ликот и делото на Иван Михајлов како еден од најзначајните ликови во историјата на Македонија“.
Ова е содржината на членот 2 од Општите одредби од Статутот на здружението Културен центар Иван Михајлов, Битола, до кој дојде неодамна „Пресинг ТВ“. За овој статут денеска расправа Уставниот суд.
Со други зборови, ова значи дека за првпат во историјата на Република Македонија, од нејзиното формирање како федерална единица во некогашната југословенска федерација, преку осамостојувањето и независноста на почетокот на 90-тите, па до денес, официјално, преку документ и дозвола на една државна институција се дава виза за рехабилитација на личноста, која досега се сметала за најголем крвник и негатор на Македонците и на македонскиот народ во целина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.