ЕУ внимателно ги следи случувањата во врска со ова прашање. Бараме дополнителни информации за подобро да ја разбереме ситуацијата. ЕУ потсетува на важноста од почитување на обврските кои произлегуваат од Спогодбата за асоцијација и стабилизација, како и на усогласувањето со правото на ЕУ во контекст на процесот на пристапни преговори. Ова е одговорот на ЕУ на барањето на МКД.мк за нивен коментар за сите информации во врска со договорот на македонската влада со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д.

Од Канцеларијата на ЕУ не одговорија на дополнителното прашање за тоа на што точно мислат од Спогодбата за асоцијација и стабилизација меѓу Македонија и ЕУ.

Од повторното прегледување на оваа Спогодба од 2001 година може да се заклучи дека во овој случај се мисли на европските правила против ограничување и нарушување на конкуренцијата и на обврската за транспарентноста и нефаворизирањето на одредени претпријатија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.