Министерот за правда Кренар Лога денеска ќе потпише ново упатство за измена на изводите од матичната книга на родени, венчани и починати во кои ќе се најде и етничката припадност, објави Алсат-М.

На овој начин Министерството за правда сака да стави крај на проблемот со лажните декларирања на етничката припадност при вработување и злоупотреба на балансерот за правична етничка застапеност во одредени институции.

Со ова ќе може да се докаже етничката припадност со официјален документ. За секоја можна злоупотреба на етничката припадност може да се отворат и кривични постапки за лажно пријавување. И странките во постапката (во случај на вработување) можат да поднесат претставка но и тужба за злоупотреба, во случај институцијата да избегне службени документи, рече Лога.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.