Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, рече дека нема никого да подложува на тортура, зборувајќи пред неговата денешна средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Мицкоски вчера кажа дека владата откако не успеала да испорача тоа што презела како обврска, оди по светот и ја моли меѓународната заедница да доаѓа во Скопје да прави тортура врз ВМРО-ДПМНЕ за да ги натера нејзините 44 пратеници да гласаат за уставните измени.
„Нема никого да подложувам на тортура овде. Сакам јасно да посочам дека САД не избира влади во земјите на НАТО, меѓутоа поставуваме очекување и единствената работа за која ќе зборувам е да ја дадам истата порака која што ширам во регионот – САД ги гледа како природни партнери оние кои што се посветени на евроинтеграциите, НАТО и борбата против корупција. Исто така, сакам да слушнам и да имам многу отворена размена на гледишта и се надевам дека ќе имаме повеќе по состанокот да ѝ кажеме на јавноста“, кажа Ескобар, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.