Советникот на државниот секретар на САД Дерек Шоле наместо в среда како што беше најавено од Стејт депратментот, ќе ја посети Македонија по Нова година, потврдија за МИА од Американската амбасада во Скопје.
Нема објаснување кои се причините за одложувањето.
Заедно со Шоле во Скопје се очекуваше да допатува и заменик-помошникот секретар во Стејт департментот и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој од вчера е во Косово.
Според првичната најава од Стејт департментот, Шоле во Скопје требаше да разговара со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот.
Освен земјава, во програмата на Шоле од 11 до 17 декември, беа и посетите на Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Белгија.
– Оваа посета ја нагласува трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот, информираа од Стејт департментот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.