Премиерот Ковачевски вечерва во Охрид се сретна со специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар.
На средбата, на која присуствуваa и амбасадорка на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Ковачевски ја истакна поддршката на Владата на Република Македонија на дијалогот помеѓу Белград и Приштина во насока на целосно утврдување на патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, соопшти владината прес-служба.Премиерот ја нагласи важноста од изнаоѓање на решенија на сите отворени прашања во регионот по пат на дијалог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.