Молкот на Јавното обвинителство за скандалот околу надзорот на коридорите 8 и 10Д укажува дека е соучесник на власта во криминалните зделки. Јавноста е сведок како криминалните зделки на Владата на Ковачевски поминуваат неказнето од страна на правосудните органи, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Скандалот околу миленикот на власта „Електра Солушн“ секој ден добива нови размери, а ЈО упорно молчи и не презема ништо. „Електра Солушн“ од фирма за гаќи стана главен столб на власта за испумпување на народни пари. Од 22 милионскиот тендер ќе зеде 8,3 милиони евра за водење на надзор. Владата на Ковачевски на јавноста тврдеше дека надзорот ќе го вршат странски експерти, а домашните се само локална помош, и се испостави дека главен играч околу кој се врти целиот тендер е фирма која произведувала гаќи, се наведува во партиското соопштение.
А, лиценцата за надзор миленикот на власта т.е. „Електра Солушн“ поднесува 12 дена по распишување на повикот за доставување на понудите, а ја добива пет дена потоа. Откако „Електра Солушн“ добива лиценца за надзор, добива и грант од ФИТР во вредност од 65.000 евра за проект „Дигитално решение за управување со градежни проекти“. Нема крај на криминалот на оваа Влада. Одговорност за овој скандал од епски размери мора да има. Но не само одговорност за функционерите кои го дозволиле ова, туку и правосудните органи кои свесно молчеле и го заштитувале тоа, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.