Преспанскиот договор како исклучителен успех на македонската дипломатија тема во научен труд во кој како коавтор се појавува и бившиот премиер Зоран Заев, објави ТВ Алфа.
Како што стои во трудот чија содржина е на повеќе од 200 страници, Договорот со Грција според Заев е еден од најдобрите примери, дека е изводливо да се постигне решение во долготрајните спорови преку дијалог и дипломатија. За меѓународната спогодба која на Македонија и донесе ново уставно име, во делото пишува дека испратила „моќна порака до регионот но и светот, дека иако такви спорови има на сите континенти, меѓу многу држави, можни се решенија. И иако односите меѓу Грција и Македонија беа години заглавени ќор-сокак, Преспанскиот договор не се препишува како успех само на двете земји, туку и на целата Европска Унија.
Во овој труд фокусот не е само на Преспанскиот договор туку и на Договорот со Бугарија, со кој Заев очигледно многу се гордее.
Целиот текст во ТВ Алфа може да го отворите на овој ЛИНК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.