Европската комисија преку својата портпаролка за проширување порача дека се следи процесот во Македонија за предлог преговарачката рамка на француското претседателство, јави дописничката на МИА од Брисел.
На новинарско прашање на редовниот брифинг за медиуми во Европската Комисија за францускиот предлог и процесот на преговори со Македонија, портпаролката за проширување, Ана Писонеро изјави дека се водат консултации во земјата.
По испраќањето на ревидираниот француски предлог, видовте дека премиерот Ковачевски најави широк процес на консултации со сите релевантни чинители, овој процес е во тек и се разбира одлуката за овој ревидиран предлог е суверена одлука на Македонија, одблиску ги следиме настаните и дебатите кои се одвиваат – изјави Писонеро.
На прашање за содржината на преговарачката рамка и вклучувањето на билатерални прашања со Бугарија во предлогот, Писонеро ги упати новинарите кон веб сајтот на владата на Македонија каде се објавени документи, но не даде коментар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.