Коалицијата ВЛЕН го истакнува недвосмисленото единство и посветеност на заедничките принципи, вредности, идеологија и програмски заложби. Како што споделивме со јавноста, ние сме посветени ВЛЕН да прерасне и да се развива во политичко движење кое ќе одговори на потребите на Албанците со добро дефинирани стратешки чекори, стои во денешното соопштение од ВЛЕН.

-Во овие времиња на тектонски политички промени, во кои ДУИ и нејзините сателити во опозицијата секојдневно клеветат, измислуваат и подготвуваат амбиент за оспорување на придобивките на Охридскиот договор заради заштита на криминалот, од суштинско значење е да се обединуваме уште посилно и да работиме заедно за да одговориме на потребите на граѓаните, особено Албанците. ВЛЕН е изграден врз принципите на правда, транспарентност и посветеност за обезбедување повисок животен стандард на граѓаните. Нашата политичка издржливост е нашата најголема сила и претставува вистинска гаранција дека граѓаните можат да се потпрат на нас за ефективно и правично служење исклучиво во нивен интерес, потенцираа од партијата.

И додадоа дека, нашата цел е ВЛЕН да биде политичкиот партнер кој не само што ќе ги идентификува и решава секојдневните проблеми на Албанците, туку и ќе нуди конкретни и остварливи решенија за поставување фундаменти за сигурна иднина. Сметаме дека со добро дефинирани чекори и одлучни делувања можеме да ги донесеме потребните промени и да изградиме подобро утре за сите.

-Почитувани граѓани, после формирањето на Политичкото координативно тело на ВЛЕН следи и формирањето на Комисијата за прашањата на изборите, именувањата и надзор на спроведување на политиките. ВЛЕН останува посветен на својата мисија да ги заштити и промовира интересите на граѓаните и да обезбеди правично и одговорно владеење. Заедно ќе продолжиме да одиме напред со храброст и одлучност. ВЛЕН е единството на Албанците!, нотираа во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.