Во опширна анализа со наслов: „Трансфер на бламот”, професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први”, Денис Прешова кој важи и за еден од нашите најдобри експерти по уставно право и уставно судство, на јасен и недвосмислен начин, укажува на целиот аматеризам, нестручност и ароганција на Уставниот суд на Република Македонија, предводен од кадарот на Зоран Заев, Добрила Кацарска.

Според Прешова: „лесно им е на уставните судии, не мора они да излегуваат пред студентите и да објаснуваат за состојбите со уставното право и уставното судство во државата. Неколкумина од нас го јадат нивниот срам и блам. Изгледа малку ни е и ова, кога допуштаме секој да станува уставен судија”.

Професорот Прешова фрла светло и на работатата на Судскиот совет, која, како и Уставниот суд, е далеку од професионална.

Сега ќе ни се протне на мала врата (незаконска) и новата кандидатка на Судскиот совет. Ама за тоа во наредниот пост откако Судски совет ќе го усвои и објави записникот од седницата, ќе заклучи Прешова.

На крајот од оваа анализа, Денис Прешова ќе поентира:

ова требаше да биде краток пост ама многу работи се собрале, најавувајќи нови продолженија на анализата за дното во кое се наоѓа македонското судство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.