Македонската јавност никако не може да го профати како нормално спортското попладне во Министерството за политички систем. Реакциите се во насока дека ДУИ си поигрува со сите нас и во лице ни се потсмева.
За Ивор Мицковски ова што го направија министрите од ДУИ е последно што требало да се направи во специфилен момент како што е овој.
Овие од ДУИ нè прцаат на мртво.
Си играат таквото у зграда на Грујо која идиотон Зоки ја догради, зграда од 20 милиони евра, од каде Груби вработува секоја година 400-500 души, потпишува скриени договори и распоредува Рамковни.
После тука е моментот на нивните и наши сограѓани кои вчера се потепаа со биланс од 2 мртви и 7 ранети, ама браќата куцаат и си додаваат топка ко лешпери.
После тука ти е мачо енергијата каде се собрале 6 стапа пред 8 март и изиграват бојбенд.
После тука ти е фактот дека нивен министер и коалиција требаше да избаци обврзница по помала камата, ама ја сјебаа работата и сега ќе плаќаме поголема камата.
После тука еден од дриблерите како нема обезбедено учебници цела година.
Тука е нормално и Бујар кој ни го начука како народ и нација со Пендиков, напуни МНР со Блерти и остали сограѓани, оди со државна кола на партиски митинзи.
Тука е лидерот на тимот Груби кој само што направи дил со продажба на хотел на Шапка за смешни пари, брат му товари локали, а и договорот со „Бехтел и Енка“ кој он го турка е со сомнителни фирми за надзор.
И конечно, децата немаат редовно отидено на училиште 3 години, само последниве 6 месеци ради дојави за бомби цело време се внатре-надвор, родители трчаат и се во паника, ама битно браќава си играат курот во државна институција и министерство.
Осет – Нула, Мозок – Нула, Куробол – инфинити, пишува Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.