Eдвард Џозеф, американскиот експерт и добар познавач на Балканот од Универзитетот Џонс Хопкинс смета дека регионот треба да ја удвои соработката за поголема поддршка од актуелната администрација, со оглед дека исходот од конгресните избори, барем засега, не наведува дека ќе има драстични промени во курсот на надворешната политика во конгресните комисии, пренесува Гласот на Америка.
Запрашан, како Македонија да се обедини околу евентуална промена на Уставот, услов, со цел да ги продолжи преговори за членство во ЕУ, зашто, во спротивно, би значело прекин на ЕУ – перспективата на земјата, Џозеф смета дека погледот треба да биде насочен кон Вашингтон: Македонија треба да се обрати до администрацијата на Бајден за поддршка и да побараат од Соединетите Држави да го потврдат македонскиот идентитет што САД можат да го направат во рамките на своето стратешко партнерство со Македонија. Го објаснив ова во мојот напис за надворешната политика на САД, кој беше објавен во јуни“, истакна Џозеф.
Целиот разговор овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.