Џафери на обвинувањата на опозицијата за отфрлањето на Иницијативата одговори дека Парламентот работи според Уставот и Деловникот, а претседателот на Собранието е должен да ги следи работите не само како форма, туку да ја следи и нивната суштина.

-Ова е Собрание, а не суд вие да судите. Ако сметате дека сте во право, има процедура, соодветен посебен уставен орган, со соодветни надлежности. Обратете се таму, ќе ви одговорат. Има Уставен суд. А ако има работа и за Јовески, јавете се и кај него, му рече Џафери на Мицевски.

На Апасиев, Џафери му порача да ги чита законите и дека целта на обвинувањето му е да собира политички поени.

-Верувам дека ова што го прочитавте ќе имате можност да го кажете пред студентите. Тука сме во Собрание, а не на факултет за да ни држите предавање. Сакате да добивате политички дневни поени, рече Џафери



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.