Претседателот на Собранието Талат Џафери од свое лично име и од името на пратениците го честиташе христијански празник – Велигден на сите што го слават по Грегоријанскиот календар.

Во овие тешки времиња во кои се чини секојдневно се појавуваат нови и различни предизвици кои од поинакви аспекти ги ставаат на тест некогаш нашето физичко здравје, некогаш економската благосостојба, некогаш политичките игри и надигрувања, како врв на предизвикот се појавува тестирањето на нашата човечност, нашата солидарност и сочувство, нашата хуманост и ставање на вистинската страна на праведниот, на послабиот, се наведува во честитката на Џафери.

Сепак, дополнува Џафери, верувам и упатувам порака и до Вас почитувани граѓани, дека светлината на овој голем празник ќе ги осветли душите, срцата и умот на сите што некаде на тој пат на потрага по вечноста и славата ја изгубиле својата човечност и ја заборавиле вредноста на човечкиот живот и посегнале по него.

Нека таа светлина ги осветли и стопли Вашите домови, нека Ве сплоти во молитвите и донесе мир и хармонија во Вашите мисли. Нека биде секој господар на својот дом, секој свој на своето, во светот има доволно место за сите нас! Драги сограѓани, Ви посакувам убави и спокојни празнични денови. Честит католички Велигден!, стои во честитката на претседателот на Собранието Џафери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.