Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната собраниска седница информира дека утре и во понеделник ќе се спроведе техничка контрола на ИТ инфраструктурата на Собранието, со оглед на трендот на можни кибер напади. Тој наведе дека експерти превентивно ќе вршат проверка на ИТ системот.

Ќе се испитува дали сајтот на Собранието и целокупниот информатички систем во парламентот се цел на хакерски напади и дали се доволно заштитени архивата и доверливите податоци од несакани гости.

Сајтот на МОН веќе две недели е исклучен поради хакерскиот напад од 9 септември. Хакери го онеспособија внатрешното функционирање на Министерството за земјоделство, каде станува збор за рансвер напад, односно за барање за откуп, и службените мејлови не се во функција.

Случаите се пријавени, но со денови се работи на оспособување, а сајтот на МОН ќе биде поставен на нова платформа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.