Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека на денешната средба на работната група за нов Деловник во рамки на Жан Моне процесот, главно, било разгледувано носењето закони во редовна постапка односно од 132 член натаму. Џафери рече дека на 2 овој месец ја закажал оваа средба и дека претходната била одложена на барање на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Џафери, интенцијата е да се има консензуално решение за Деловник. Гледаме, рече тој, дека имаме попречување на работата на Собранието. Тој кажа дека поддршката од ЕП преку европратениците е да се изнајде консензуално решение.

На денешната средба на Работната група учествуваа сите претставници на сите пратенички групи освен на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, како и советниците професорите Владо Поповски и Јетон Шаќири.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.