Двајца скопски адвокати, Јанаки Митровски и Драги Стари Пешевски веќе се пријавија про боно да го бранат познатиот македонски пејач Ламбе Алабаковски, кој го запалил културниот дом Ванчо Михајлов во Битола.

Ja и Јанаки Митровски јавно се пријавуваме за pro bono одбрана на Ламбе!!! Нека разберат клетите фашисти!!!

Подоцна Митровски истакна дека Алабаковски не може да биде кривично гонет, туку само за материјална штета, односно според правникот, тој не предизвикал општа опасност.

Клубот бил затворен и со тоа не е исполнето делото предизвикување општа опасност, што значи ослободителна за Ламбе!“, објави Митровски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.