Изборната предност на кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ се славеше со песната, која заедно со „Бисер Балкански“, е своевидна химна на Македонците.

„Заветна” со Андријана ја препеавме во најтемниот период на самостојна Македонија за сега да стане „лајт-мотив” на светлото кое допрва треба да дојде, порача макеоднскиот познат оперски пејач Игор Дурловски.


Вчера, пак, се навршија 16 години од смртта на легендарниот фолк пејач Пепи Бафтировски, кој во својата ризница на хитови ја отпеа и „Заветна“.

За оваа патриотска песна стиховите ги напиша Георги Барбаровски, а музиката е на неговиот брат Миле Барбаровски. Истата била напишана во 1987-1988 година, а изминативе години ја обработија повеќе наши музичари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.